Учество на Османи на 77-та сесија на Генералното собрание на ОН

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во придружба на претседателот на Владата Република Северна Македонија, Димитар Ковачевкси, во периодот 19 – 24 септември ќе учествува на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк. 

За време на престојот во Њујорк, Османи ќе учествува на трансатлантска вечера на министрите за надворешни работи на НАТО, организирана од страна на државниот секретар на САД, Антони Блинкен. Воедно, ќе присуствува на состанокот на Јадранската Повелба А5, како и на состанокот организиран од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Советот за регионална соработка. Покрај тоа, Османи ќе земе учество и на средбата на земјите на Централно-Европската иницијатива (ЦЕИ) и на други важни меѓународни форуми за соработка.

Исто така, на маргините на овогодишното Генерално собрание, Османи ќе оствари бројни билатерални средби со свои хомолози од земјите членки на ЕУ и од земјите учеснички и партнери на ОБСЕ, во контекст на нашето претседавање со оваа организација, како и со високи претставници од Стејт Дипартментот на САД, а ќе ја искористи приликата да оствари средба и со претставници на нашата дијаспора.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.