Уште двајца починаа од коронавирус во Македонија

Loading...

Уште двајца починаа од коронавирус во Македонија

На клиниката за инфективни болести починаа двајца, соопшти министерот Венко Филипче.
Еден пациент на 91-годинша возраст кој осум дена бил во болница, и пациент на 31-годишна возраст, кој вчера бил ставен на респиратор, но за жал, утрово починал.
Вкупниот број на нови заболени е 16, со што вкупниот број се искачи на 257.
На Инфективно има тројца од Скопје и од Куманово. Вкупно има 48 луѓе во болницата.
Стабилна е состојбата на сите други, како и на оние кои се на домашно лекување.
За неколку дена седум пациенти ќе може да бидат пуштени дома.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ НА ТЕМА:

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

loading...