Уште денес и утре променливо време, од сабота сончево со пораст на температурата

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од – 3 од – 12 степени, а дневната од 0 до 10 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до – 4, а дневната до 7 степени.
Во петок ќе има локални врнежи од снег. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.

Loading...