Уште еден напад во САД вчера – во пукање на детско игралиште најмалку седуммина ранети

Loading...

Во пукање во парк на детско игралиште во Чикаго, во сојузната држава Илиноис, ранети се најмалку седум лица, пренесува телевизијата NBC News повикувајќи се на полициски извори. Инцидентот се случил околу 01:20 часот по локално време. Според изјави на очевидци засега неидентификувано лица отворило оган од црн автомобил „Шевролет Камаро“. Еден од ранетите е во критична состојба.
Се работи за трет случај на масовно пукање во САД. Прво 20 лица беа убиени, а 26 ранети од кои многу се во тешка состојба, во масовно пукање во трговски центар во градот Ел Пасо, во државата Тексас. Неколку часа подоцна во пукање во кафе-бар во градот Дејтон во Охајо беа убиени десет лица, вклучително и напаѓачот, а уште 27 беа ранети.
Како што забележа агенцијата Associated Press овие трагедии „ја шокираа земјата, која веќе е навикната на насилство“. Според статистиката на агенцијата, нападите во Ел Пасо и Дејтон се веќе 21 и 22-от случај на масовно пукање во САД од почетокот на 2019 година. Вкупно од почетокот на годинава во ваквите инциденти загинале вкупно 125 луѓе, а повеќе стотици други се ренети.

loading...