УШТЕ ЕДНА МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО РУСИЈА – Близок соработник на Путин паднал од трети кат и загинал!?

Владимир Јегоров (46 г.), кој американскиот весник Newsweek го претставува како сојузник на претседателот на Русија, Владимир Путин, е пронајден мртов, објавија руските медиуми.

Newsweek наведува дека Владимир Јегоров бил пратеник во Градската Дума во Тоболск, област на Тјуменска, како член на партијата Единствена Русија на Владимир Путин.

Млад насилник дивеел во Гази Баба, мавтал со нож и тепал роднини и соседи
22-годишен жител на скопската населба Гази Баба вчераутро предизвикал вистинска драма – ѝ се заканувал со нож на неговата две години помлада братучетка, по што физички ја нападнал …
Сиљановска се прекрши во ОН: „Мојата држава, Република Северна Македонија“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пркосно одби да го изговори новото име на државата при поднесувањето на заклетвата во Собранието, но од говорницата на Обединетите нации го кажа без ни …

Како што објавија руските профили поврзани со безбедносните служби, Владимир Јегоров паднал од прозорец на третиот кат на куќа на улицата „Кедроваја“ во средата.

Медиумите цитираа и извор кој вели дека е можно Владимир Јегоров да паднал од прозорец на третиот кат.

Се вели дека ова е уште една во низата мистериозни смртни случаи на важни личности во Русија кои почнаа да се редат откако силите на Владимир Путин ја нападнаа Украина во февруари минатата година.

Рускиот веб-сајт 72.ru цитираше еден од очевидците дека Владимир Јегоров паднал низ прозорец на третиот кат, додека друг рекол дека претставникот на Владимир Путин има „срцеви проблеми“.

Се наведува дека обдукцијата ќе ја утврди причината за неговата смрт.

Владимир Јегоров минатата година станал еден од најбогатите луѓе во Тоболск, со приход од 9,1 милиони рубљи (околу 100.500 долари).

На веб-сајтот на локалните власти стои дека зад себе ги оставил сопругата и двете деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.