Уште утре и задутре дожд, потоа повторно топло време

Loading...

Променливо облачно ќе биде утре, а задутре ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Потоа како што најавуваат метеоролозите се очекува стабилизирање на временската состојба со пораст на температурите.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од четврток до недела утринската температура ќе се движи од 4 до 16 степени, а дневната од 20 до 29 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во понеделник, со дневна температура од 30 степени.

loading...