Фановите на Марвел пресреќни: Конечно пристигнува новата “Фантастична четворка”

Loading...

Марвел ги воодушеви обожавателите со веста за новиот филм, сместен во филмскиот Универзум на Марвел. Имено, филмското студио ја подготвува третата верзија на филмот “Фантастична четворка”.

Фановите ја чекаа оваа вест, уште од моментот кога Дизни го купи Фокс и потоа ги поврати правата да го снима неговиот филм за познатата група на суперхерои. Станува збор за првото филмско семејство на Марвел и за првите ликови кои ги направија славни. Филмот ќе се одвива во свет во кој живеат ликовите, коишто веќе ги знаеме: Ајрон Мен, Доктор Стрејнџ, Црната вдовица и други.

Режисер на филмот е Џон Вотс, тој ги режираше филмовите „Спајдермен: Враќање дома“ и „Спајдермен: Далеку од дома“.

Сè уште не е познато кога филмот ќе пристигне пред публиката, но датумот најверојатно ќе биде одреден кога ќе се смири епидемиолошката состојба. Исто така, не е познато кој ќе ги игра главните улоги, но фановите со години навиваат улогите на Мистер Фантастик и Невидливата девојка, да им бидат доделени на Џон Красински и неговата сопруга Емили Блант.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...