Фантастик салата со тестенини

Loading...

400 г макарони
200 г кисели краставички
150 г шунка
100 г конзервирана пченка
100 г конзервирана туна
2 лажици маслиново масло
2 лажици кисела павлака
1 лажица мајонез
1 лажица зачин по избор
сол
Макароните сварете ги во посолена вода и исцедете ги. Изладените макарони измешајте ги со  краставичките и шунката исечкани на ситни коцки, пченката и туната. Промешајте и додадете ги маслиновото масло, мајонезот, павлаката и зачините по вкус. Уште еднаш промешајте, ставете ја салатата во фрижидерот за да се излади и послужете.

 

loading...