Фантастична чоколадна торта од 2 состојки, готова за само половина час!

Ви го пренесуваме најлесниот рецепт за вкусен десерт кој ќе го изненади целото семејство …
СОСТОЈКИ:
4 јајца
250 грама чоколадо
ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 170 степени.
Чоколадото стопете го на пареа или микробранова печка додека не се стопи целосно.
Одделете ги жолчките од белките.
Белките изматете со миксер.
Во растопеното чоколадо постепено додавајте ги жолчките и сè убаво измешајте.
Внимателно измешајте ги белките во смесата со чоколадо и жолчка.
Смесата истурете ја во подмачкан калап за колачи од 15 см.
Ставете да се пече во рерна 30 минути.
Сервирајте откако ќе се излади.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.