Фан сакаше да ја навреди, но Софија Вергара му возврати директно и во дамски стил

Софија Вергара изгледа фантастично за нејзината возраст и постојано привлекува комплименти за одржаниот изглед и витката фигура, но таа не е имуна на негативни коментари.
46-годишната актерка доби коментар дека изгледа поразлично и дека си има направено некаква корекција на лицето, на што таа возврати сосем искрено.
Интернет трол на Instagram ѝ напиша: „Во последно време забележувам дека си имаш направено нешто на твоето лице. Не можам да откријам што, но лицето ти изгледа малку поразлично сега.“
„Тоа се вика стареење“ – му напиша ѕвездата од серијата „Modern Family“.