Фергусон: Откритија на сезоната се Свонси и Мичу

Loading...

Менаџерот на манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, во вторникот изјавил, дека е изненаден од одличните изданија на Свонси и напаѓачот на овој тим Мичу.„Свонси е одличен, а Мичу откритие. Го платија само два милиони фунти, а добија од него 20 погодоци, тоа се вика добро купување. Јасно е дека го подигнаа квалитетот, го освоија Лига купот, играат навистина одличен фудбал и можам да кажам дека се тим на годината“, изјавил Фергусон за англиските медиуми.Свонси оваа сезона игра добро против најдобрите англиски екипи, имаат забележано победи над Ливерпул, Арсенал и Челзи, а со Манчестер Јунајтед на „Либерти“ стадионот одиграа 1:1.Минатата недела менаџерот на Свонси, Михаел Лаудруп, доби признание од своите колеги, имено во изборот на Здружението на менаџерите кои работата во Премиер лигата, тој беше прогласен за најдобра менаџер во лигата.Данскиот стручњак во Свонси пристигна почетокот од сезоната, а неодамна со клубот го освои пехарот во Лига купот, што е прв трофеј во 100-годишната историја на Свонси.
МакфаксМенаџерот на манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, во вторникот изјавил, дека е изненаден од одличните изданија на Свонс

loading...
Loading...