Ферид Мухиќ ќе биде тргнат од позицијата пратеник?

Loading...

Дали Мухиќ ќе биде тргнат од позицијата пратеник бидејќи не се согласува со Договорот со Грција, останува да видиме.
Во интервју за „360 Степени“ министерот за надворешни работи, Никола Димитров, говореше за Уставните амандмани, кои се пред пратениците во Собранието и за кои власта очекува нивно изгласување. Како тема на разговор во емисијата беше и пратеникот од владеачкото мнозинство Ферид Мухиќ, кој јавно кажа дека не го поддржува, министерот беше прашан дали власта го очекува неговиот глас.
– Силен интерес на ова општество е сите пратеници да имаат слобода да одлучат согласно својата совест и мудрост бидејќи има огромна одговорност нивниот глас. И нивниот глас „за“, меѓутоа и нивниот глас „против“. Мислам дека ова не е споредно прашање, ниту за Владата, ниту за нашата држава. За нешто толку крупно, јас, на пример, ако не се согласував лично и имав проблем со својата совест нема да можев да седам, да бидам министер за надворешни работи, ако цврсто не верувам и активно не сум ангажиран во успехот на овој процес. Така што, пратениците и сите ние коишто сме носители, ставивме рамо и преземавме одговорност за овој процес, за мене е спорно да го гледате од страна. Сакам да кажам, прашањето е преголемо, мислам дека би било чесно, ако не верувате да се тргнете, рече Димитров.
На прашање на новинарот дали е тоа порака за Мухиќ, министерот рече „можете да ја толкувате како сакате, ама прашањето не е споредно, прашањето е клучно за иднината на нашата татковина“.

loading...