Фетаи и Стефанова се оградија од колешката Јанева

Loading...

Поранешните колешки на Катица Јанева која доби 30. дена притвор за “Рекет“ се оградија од неа.
– Од старт се оградував од Јанева. Треба да бидеме горди на расчистувањето на криминалот, истакна  Лиле Стефанова по одлагањето на рочиштето за “Титаник“.
– Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега. СЈО е во најтешката состојба од основањето. Затоа апелирам политичарите да седнат и да го донесат Законот за јавното обвинителство, рече Стефанова пред новинарите.
Исто така и Фатиме Фетаи изјави дека секој кој се огрешил пред законот треба да одговара и дека СЈО продолжува со работа.

 

loading...