Фејсбук за историскиот пад на мрежата: Причината е промената кај серверите

Фејсбук ја обвини „промената во конфигурацијата на серверите“ за најголемиот пад во таа социјална мрежа во историјата, каде што апликациите престанаа да работат низ целиот свет.
Тоа траеше најмалку 12 часа во многу области низ целиот свет, со најголемо влијание во Северна Америка и Европа.
Откако објави дека во средата имало проблем, Фејсбук остана без коментар речиси 24 часа пред објавувањето на објаснување и извинување.


– Како резултат на конфигурацијата на новите сервери, многу корисници имаа проблеми со нашите апликации и услуги, објави Фејсбук на Твитер.
„Ние го решивме проблемот и нашите системи се опоравуваат. Многу ни е жал за проблемите и ние сме благодарни за вашето трпение”, се вели во објавата.
Се верува дека тоа бил најголем дефект во историјата на Фејсбук, каде сега има околу 2,7 милијарди корисници само на главната социјална мрежа, како и на Инстаграм и апликацијата за пораки.