Фејсбук ќе плаќа за кликови

Социјалната мрежа Facebook воведува нов дел за новости “News Tab” на својата мобилна апликација каде ќе се прикажуваат наслови на вести кои ги бираат новинари, а на издавачите ќе им се плаќа за користење на нивниот материјал.
Оваа социјална мрежа долго време беше во спор со издавачите на вести кои се жалат дека Facebook има придобивки од споделувањето на нивните написи без да платат за нив.
Ова е потенцијално голем чекор за платформата, долго обележана со потешкотии да ги искорени дезинформациите и неподготвеноста да склучува договори со издавачите, пренесува AP.


Во делот за вести ќе бидат содржани наслови од Wall Street Journal, Washington Post, BuzzFeed News, Business Insider, NBC, USA Today и Los Angeles Times како и локални наслови од неколку американски градови.
Преку Facebook ќе се гледаат само наслови. Кога ќе се кликне на насловот, корисникот оди директно на веб страниците или апликациите на издавачот. Тоа е од прилика тоа што издавачите го бараа со години од Facebook.
Facebook не сакаше да каже кој и колку ќе биде платен, наведувајќи само дека ќе плати на издавачите за пристап до содржината.

Loading...