Физиолог советува: Застанете на една нога и откријте дали вашето здравје е загрозено

Loading...

Физиолог открива дека проблемот со рамнотежата може да биде знак со нарушено здравје.
Можете ли долго да стоите на една нога, а да не ја изгубите вашата рамнотежа? Обидете се, важно е!
Шкотскиот физиолог Дон Скелтон открил на кои здравствени проблеми може да укажува овој проблем.
Според заклучоците на специјалистите, оваа способност се влошува во текот на 35-та до 40-та година, што укажува на проблем со мускулите, но и работата на мозокот.
На телото му станува сè потешко да ги контролира и обработува информациите на положбата во просторот, движењето на мускулите и зглобовите.
Поради тоа тренингот на стабилноста на една нога, според мислењето на физиологот помага не само во спречување на механички повреди како последица на пад, туку и во намалување на ризикот од развој на деменција.
„Болестите на нервниот систем, внатрешното уво, кардиоваскуларни заболувања, емоционално нарушување и многу други тегоби можат да доведат до нерамнотежа. Некои од овие болести можат да имаат фатални последици“, напоменал докторот од одделот за нервни болести при Универзитетот Сеченов, Владирим Парфјонов.

loading...
Loading...