Филипини: Петмина загинати во ерупција на вулканот Мајон

Loading...

Еден од најактивните вулкани на Филипините, Мајон, во вторникот испуштил висок столб на пепел, а жителите кои живеат во негова близина навеле дека смртно страдале најмалку пет лица, пренесоа локалните медиуми.Локален туристички работник, за АФП, потврдил дека во моментот на ерупцијата на вулканот, на околу 500 метри од кратерот се наоѓале дваесетина локални водичи и туристи и дека петмина ги загубиле животите додека седуммина се повредени.Вулканот Мајон се наоѓа во јужниот дел на главниот остров од архипелагот Лузон. Водечкиот филипински сеизмолог Ренато Солидум оценил дека нема потреба населението кое живее во близина на вулканот да биде евакуирано, оценувајќи ја експлозијата како минимална.Мајон во последните 400 години еруптирал 48 пати, најсмртоносната ерупција се случила во 1814 година кога големата количина на лава усмртила 1.200 лица.
МакфаксЕден од најактивните вулкани на Филипините, Мајон, во вторникот испуштил висок столб на пепел, а жителите кои живеат в

loading...
Loading...