Филипински експерт ги нуди своите услуги за зачувување на телото на Чавез

Loading...

Филипинскиот експерт за балсамирање Френк Малабед, кој работел на зачувувањето на телото на поранешниот претседател Фердинанд Маркос, ги понуди своите услуги во петокот на венецуелскиот власти кои имаат намера да го изложат телото на починатиот претседателот Ууго Чавез во музејскиот комплекс посветен на венецуелската историја.

 
Уго Чавез почина во вторникот, по речиси двегодишна битка со ракот, кој му беше дијагностициран кон средината на 2011 година. Властите одлучија да го балсамираат неговото тело и тоа постојано да биде изложено во зградата на поранешната касарна од којашто тој во февруари 1992 година раководеше со обидот за соборување на режимот на претседателот Карлос Андрес Перез. Сега во зградата е сместен музеј посветен на венецуелската револуција.
„Со мене сé уште не е контактирано по овој повод, но јас, како професионалец, секогаш очекувам повик”, изјави за AFP 62-годишниот Френк Малабед. Според него, венецуелските власти мора што е можно побрзо да го изберат оној што ќе го изврши балсамирањето на останките на Чавез, бидејќи тоа може да влијае на успехот на работата.
Според агенцијата, Малабед својата кариера ја започнал уште како многу млад човек, кога му помагал на својот татко при балсамирањето на американските војници убиени во Виетнамската војна. За овие цели, во американската воздухопловна база во Манила семејството на балсамирачите било изолирано во воен хангар кој бил преадаптиран за потребите на нивната вештина.
На Малабед подоцна му било наложено да го балсамира телото на поранешниот диктатор Фердинанд Маркос, кој почина во 1989 година во егзил на Хаваи. Сега телото на политичарот се чува во мавзолејот во градот Батак, на филипинскиот остров Лусон.
Макфакс
Филипинскиот експерт за балсамирање Френк Малабед, кој работел на зачувувањето на телото на п

loading...
Loading...