Филипче: Доаѓа период кога воздухот ќе биде загаден-маски на отворено мора да се носат

Loading...

Апел да се почитува ваквата одлука упати и министерот за здравство Филипче, кој смета дека во период кој следува заштитната опрема ќе не заштити и од грипови и настинки, како и од загадениот воздух, за кој се смета дека му дозволува на коронавирусот да патува подолго.
Прекривката на носот и устата е нешто што прво овозможува да дишеме топол воздух, понатаму да не се најдеме во група која што има носител на вирусот и секако да се избегне штетното влијание на ПМ10 честичките, за кои што има докази дека се честички кои му дозволуваат на вирусот да патува подолго, напиша министерот Венко Филипче.
Министерот вели дека доколку се седи на места каде што се одржува дистанцата како рестораните, нема логика да се носи маска, но задолжително да се почитувааат протоколите.


Не почитувањето на новиот закон и протоколите, угостителите ќе ги чини глоба од три илјади до триесет илјади евра. Со овој закон повеќе ингеренција добија инспекторите, кои доколку затекнат непочитување на мерки, веднаш со помош на полицијата го празнат просторот, при што сега имаат дозвола веднаш да затворат објектот.
Во 23 часот завршува седењето по кафулиња и кафеани, а доколку некој угостител ја прекрши оваа мерка, законот им дозволува на инспекторите на лице место да го затворат објектот.
На оваа тема побаравме мислење од граѓаните, кои се сложуваат со ваквата мерка, а дел од нив велат дека треба и по ригорозно да се постапува, бидејќи сметаат дека трансмисијата на вирусот е посилна во затворени објекти каде што не се почитуваат мерките.
Зголемениот број на новозаразени и починати лица ја иницира потребата од реорганизација на системот. Па така,помош во извршување на обврските ќе добие Државниот здравствен и санитарен инспекторат,нивниот оддел ќе се засили со шеесет административци кои треба да помогнат во пишување на решенија за изолација.

loading...