ФИЛИПЧЕ: ЖИВЕЕМЕ ЕДЕН ОД НАЈТЕШКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА

Loading...

Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја. Целиот свет е под огромен притисок. Но, најголемиот товар и натаму го носат здравствените работници и повеќе од сé им е потребна наша поддршка за да се справат со предизвикот пред кој се исправени, вели министерот Венко Филипче!
Здравствените работници се нашата надеж во борбата против пандемијата. Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба. Да им помогнеме, тие тоа го очекуваат и заслужуваат.


Да покажеме благодарност и почит кон нивната работа, вели Филипче во фејсбук статус!
Со последните податоци на Министерството за здравство за состојбата со ковид-19 во земјава, во главниот град Скопје има вкупно 1 802 активни случаи на новиот коронавирус.
Од нив најмногу се во Аеродром (338), Центар (328) и Карпош (317). За стоина помалку има во Кисела Вода или вкупно 209 активни случаи на ковид-19. Во Гази Баба се 171 позитивен случај на ковид, а во Ѓорче Петров 154.

loading...