ФИЛИПЧЕ: Маска ќе мора да се носи и при пишување статус на ФБ

Loading...

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес ја промовираше новата владина мерка за онлајн заштита од коронавирусот што треба да стапи на сила од октомври, а според која – секој граѓанин со активен Фејсбук профил ќе мора да носи маска додека пишува статус или коментар.

За спроведување на мерката ќе биде формиран специјален одред во МВР со име ФБИ (скратено од Фејсбук инспектори), чија задача ќе биде да контролира дали таа се почитува, а сите кои ќе бидат фатени без маска, ќе се соочат со најстрогата можна казна – присилно деактивирање на профилот на најмалку 6 месеци.

За сега, Инстаграм не е опфатен со новата уредба на Владата, но министерот најави дека се во постојан контакт со Комисијата за заразни болести која препорачала маска да се носи и при сликање „селфи“, меѓутоа во министерството се’ уште размислуваат дали тоа е правилен чекор.

ТЕКСТОТ Е КОЗЕРИЈА, И Е НАМЕНЕТ ЗА ЗАБАВА!!

Извор: КООПЕРАЦИЈА

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...