Филипче: Од утре да се казнува за неносење маска!

Loading...

Филипче: Од утре да се казнува за неносење маска!

Како што можевме да чуеме од прес конференцијата која што пред малку се одржа, Филипче бара од Владата со казните да се започне уште од утре. Имено, тој бил незадоволен од тоа како граѓаните се придржуваат до мерките кои се од МЗ донесени.

„Некои носат маска под брадата или во рака. Министерството за здравство поради ова ваќе достави предлог санкционирањето за неносење да почне утре или во вторник. Оваа мерка мора да се почитува. Заштитната опрема треба да се носи во затворени простории и на отворено доколку не може да се одржи безбедната дистанца од два метри“ – изјави Филипче.

За задолжителното носење заштитни маски Владата донесе уредба на 22 април, а таа стапи на сила следниот ден, на 23 април со најава дека до 30 април оние кои нема да носат маска ќе бидат само опоменати.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...