ФИЛИПЧЕ, ОД ЅВЕЗДИ ВО ЛЕПЕШКИ

Loading...

ФИЛИПЧЕ, ОД ЅВЕЗДИ ВО ЛЕПЕШКИ

Почна маестрално, заврши неславно. Парадниот коњ на Заев и СДСМ од почетокот на епидемијата, мораше да оди во ќоше. Така е во шоу бизнисот и во политиката. Не може саксофонистот да биде поистакнат од фронтменот или ѕвездата на вечерта. Обожуван од сите на почетокот од кризата, од фановите, но и од оние поупатените, му беше прорекувана блескава политичка кариера. Новиот лидер на СДСМ и идниот премиер, зошто да не? Да, ама само преку Заев мртов. Сите тие пророштва беа избрзани. Филипче уште тогаш беше осуден да падне.

Го пишав тоа во една фејсбук објава уште во неговите ѕвездени мигови, дека многу брзо, сите ќе го плукаат од проста причина што знам каде и со кого живеам. Ова се однесува повеќе на политиката, начинот како се владее и неспособноста на оние кои владеат. Оваа држава која одбивам да ја именувам по нејзиното насилно наметнато име, отсекогаш ја следела судбината на спортските селекции, во фудбал, да речеме. Игравме одлично во прво полувреме, ама ете во второ примивме несреќни пет голови, а не дадовме ниту еден и покрај бројните шанси. Тоа сме ние. Дали е фудбал или политика во прашање. Затоа од почетокот знаев дека прашање на време е кога ќе ни летне утката сосе сиџим.

И летна. Кога сите околни и светстки држави почнаа една по една да прогласуваат победа над короната и да се отвораат кон светот, кај нас кризата рапидно се влоши. Пикот кој Филипче и неговите од министерството и од комисијата за зарази го прогнозираа да се случи во април, се случи во јуни. Преку сто заразени дневно. Некогаш и близу двеста. И сетоа тоа само поради едно. Политизирањето на власта при управувањето со кризата и нејзините селективни мерки за заштита.. Плашејќи се од голем губиток на гласови од најголемите верски заедници, власта одлучи да им прогледува низ прсти и да дозволува верски обреди за време на полициски час и вонредни мерки. Фаталната грешка на Филипче беше што и покрај своето професионално знаење како лекар, реши да се свитка пред нив и да молчи, а со тоа да го одобри тој политикантски пристап кон заразата. Затоа е виновен за нејзиното влошување и губењето контрола над неа. Во кризни времиња седењето на две столчиња е погубно, особено ако си дел од власта и во позиција да одлучуваш. И ако некому уште не му е јасно зошто Филипче заврши неславно и зошто е одговорен за хаосот денес, сега би требало да сфати. Ако сфати.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...