Филипче призна дека тешко ќе се справат со бранот на корона на есен

Loading...

Се очекуваше дека ќе спласне КОВИД – 19 летово, бројот на заразени, но тоа не се случи. Се очекуваше дека ќе ги следи карактеристиките на вирусите од истата група кои се појавуваа и трае краток период и тоа не се случи, рече министерот за здравство, Венко Филипче на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
Сепак тој посочи дека трендовите се добри зошто бројките се намалуваат, се намалува вкупниот број на заразеи од вкупниот број направени тестови, се намалува и бројот на пациенти во болниците.
Според Филипче ова се должи на тоа што луѓето се надвор иако како што рече „не се почитуваат целосно мерките“. Но, затоа се плаши од есента кога ќе се намалат температурите и луѓето ќе бидат во затворени простории, вратени на работа, ќе има фреквенција во маркети.
-Сега луѓето се надвор и покрај прекршување на мерките сега помала е веројатноста за заболување. За разлика од сега кога ќе биде времето поладно ситуацијата ќе биде поинаква и можностите за заболување ќе бидат поголеми, кажа Филипче уверувајќи дека се подготвени но не откривајќи во детали како.

loading...