Филипче: Советот за Безбедност препорача прогласување на кризна состојба во цела држава во траење од 30 дена

Loading...

Состојбата со Ковид-19 е многу сериозна. Денес кај претседателот Стево Пендаровски ги презентирав анализите на министерството во однос на пандемијата и разговаравме за следните чекори кои треба да се преземат.

Советот за Безбедност препорача прогласување на кризна состојба во цела држава во траење од 30 дена. На тој начин, полицијата и војската ќе можат да работат заедно, Армија на Република Северна Македонија ќе има поголеми можности за поддршка на надлежните институции, пред се, на здравствените установи.

Влада на Република Северна Македонија ќе може да управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија, на општините и на градот Скопје, како и со ресурсите на приватните здравствени установи во зависност од потребите.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...