Филипче: Cвадби ќе има, гостите ќе седат на растојание од два метри

Loading...

Комисијата за заразни веќе има подготвено протоколи за одржување на различни курсеви, едукации во затворени простори, за јавниот превоз исто така, а во подготовка се и протоколите за работата на ресторани. Освен тоа, во овој период се подготвуваат и протоколи за однесување во училиштата и во градинките, информира министерот за здравство Венко Филипче.
– Овие протоколи досега не се финализирани, но се изработуваат. Сите протоколи ќе се споделат со стопанските комори. Многу прашања стигнаа за свадбите затоа што луѓе имале закажано, па тука ќе има одредени критериуми, ќе се знае како ќе бидат распределени масите, како ќе се одржува дистанца. Ова ќе се дикутира со стопанските комори, со што ќе се дадат насоки како да се однесуваат економските оператори. Ќе видиме дали и стопанските комори ќе имаат некакви сугестии околу тие протоколи, за да можат да ја спроведуваат својата рабтоа. Има голем притисок од социјални и економски аспекти. Сите земји го прават истото, постепено отвораат се` на соодветен начин – кажа министерот.


Филипче информира дека мерките се релаксираат, но многу е рано е да се размислува за целосно укинување на полицискиот час.
– Сакам деновиве да организираме заедничка прес-конференција со епидемиолози, на која ќе ги претставиме трендовите на кривата, кои се очекувањата, какви се бројките. Ќе ги анализираме податоците, како се движи ситуацијата по региони. Чекаме уште неколку денови да видиме каков ќе биде трендот на новозаболени. Не го оптоваривме здравствениот систем, имавме линеарен број на случаи. Ако секој граѓанин се заложи, ќе го задржиме тој тренд и постепено ќе го вратиме животот во нормала – рече министерот.
Тој кажа дека согласно одлуките на в денеска, во петок, сабота и во недела ќе биде дозволено движење на граѓаните.
– Забраната за движење ќе важи од од 14 до 5 часот наутро. Граѓаните имаат доволно време и да прошетаат и да ги набават потребните намирници. Мора задолжително да се носи маска, односно прекривка на лицето. На самиот почеток се соочивме со тоа, компании нудea маски по повисоки цени. Тогаш беше на увид и Пазарен инспекторат и здравствен инспекторат. За заштита, сосем доволна е и прекривка како шамија, марама или некоја форма на шал, не мора задолжително да биде хируршка или каква било друга маска, двослојна, трослојна. Сите тие материјали спречуваат ширење на заразата. Во болница важат други правила, но во банки, пошти, маркети, било какви прекривки можат да имаат сосема доволен ефект – додаде Филипче.

loading...