Филип Петровски: ШТО КАЖАВ ВО 1997 ГОДИНА

Loading...

Прво, донесување на закон по итна постапка за престанување на важноста на Законот за јазиците на кои се изведува настава на Педагошкиот факултет “Св. Кирил и Методиј” од Скопје. Од страна на Уставниот суд на Република Македонија побаравме укинување на или поништување на Законот за за јазиците и нашите ставови во врска со тоа подетално ги образложивме во иницијативата. Во оваа прилика ќе цитираме само дел од Одлуката број 100/94 од 25 јануари 1995 година и одлуката број 99/94 од 25 октомври 1994 година, на Уставниот суд, со кој Што Уставниот суд веќе создал уставна практика во смисла на примена на членот 7 од уставот на Република Македонија. Отворен цитат: “во согласност со членот 7, став 1 од Уставот на Република Македонија, во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо”.

Ставот 2 на членот 7 од Уставот на Република Македонија предвидува во единиците на локална самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите во службена употреба, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да бидат и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон. Во ставот 3 на членот 7 Од Уставот на Република Македонија е предвидено дека во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите во службена употреба покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да бидат и јазикот и писмото на националностите, под услови на начин утврден со закон.

Во ставот 3 на членот од Уставот на Република Македонија е предвидено во единиците на локалната самоуправа во кои како
значителен број живеат припадниците на националностите во службена употреба покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да бидат и јазикот и писмото на националностите под услови и начин утврдени со закон. Со наведените уставни одредби произлегува дека Уставот прави сосема јасна разлика помеѓу службен јазик и како таков го утврдува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на целата територија на Република Македонија и службената употреба на Јазикот. При што предвидува кога припадниците на националностите живеат како мнозинство на единиците на националностите на локалната самоуправа службена употреба на нивниот јазик и писмо да се уредува со начин утврден со закон. А кога тие претставуваат значителен број службената употреба на нивниот јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да се уредува само на начин и под услови утврдени со закон.

Според тоа, од Уставот произлегува дека “на целата територија на Република Македонија покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо не може да се применува и јазикот на националностите”. Завршен цитат.
Од Уставот произлегува и правото на високо образование на службениот македонски јазик на државата Македонија во согласност со член 7 од Уставот не го суспендира правото на образование на припадниците на националностите, ниту пак ние тоа го бараме. Правото на високо образование мора да биде и е достапно и за припадниците за националностите, но под еднакви услови како и за сите граѓани на Република Македонија. Имајќи ја предвид еднаквоста на граѓаните во слободите и правата независно, меѓу другото и од националното односно од етничко потекло утврдено со членот 9 од Уставот.

Во ставот 2 во членот 46 од Уставот е утврдено условите за основање, вршење и престанок на дејноста на Универзитетот да се уредуваат со закон. Педагошкиот факултет “Свети Климет Охридски” е дел односно само еден факултет од еден универзитет во Државата, Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” ви Скопје, покрај постоењето на само уште еден универзитет “Свети Климент Охридски” во Битола. Според тоа, од Уставот произлегува дека со закон ќе се уредуваат условите за основање, вршење и престанок на дејноста на Универзитетот, Што само по себе подразбира услови за основање вршење и престанок на дејноста и на членките на Универзитетот, факултетите и другите научни установи. Универзитетот и факултетите подготвуваат кадри за целата територија на државата и затоа неговата дејност не е врзана за подрачјето на една општина или потребите на една националност, туку за потребите на сите граѓани на Државата. Оттука и правото граѓаните високо образование да стекнат на службениот јазик на државата, односно на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, тоа беше првото барање поопширно образложено.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...