Финска најдобра земја за мајките, Македонија 40-та

Loading...

Финска, Шведска и Норвешка се најдобрите земји за мајките, Македонија е на 40-то место од 176 земји, а на дното од листата се сиромашните африкански земји, како ДР Конго, Сомалија и Сиера Леоне, соопшти во вторникот меѓународната агенција Save the Children во годишниот извештај во кој се рангираат земјата за да се утврдат најсигурните и најопасните земји во светот за мајките и децата.На овој список, од земјите во регионот на високото 14-то место се пласираше Словенија, а пред Македонија се Грција на 19-то,  Хрватска на 34-то и Србија на 36-то, додека Црна гора е 42-ра, Босна и Херцеговина 47-ма, Унгарија е 52-ра и Албанија на 81-то место.Финска, Шведска, Норвешка, Исланд, Холандија, Данска, Шпанија, Белгија, Германија и Австралија се најдобрите земји за живот на мајките и бебињата. Од западните земји, Франција е на 19-то место,  Канада е 22-ра, Велија Британија го зазема 23-то место. а САД се на 30-то.Таканаречениот „мајчин индекс“ следи како во 176 земји во светот се успева или не да се спасат животите на мајките и на нивните бебиња. Благосостојбата на мајките се оценува преку показателите како што се нивното здравје, морталитетот, нивото на образованието на жените, приходите и политичкиот статус.Според извештајот, нордиските земји се најдобри за мајките и бебињата, додека оние од субсахарска Африка се на последните десет места од листата. Најлошо рангираните десет се Демократска Република Конго, Сомалија, Сиера Леоне, Мали, Нигер, Средноафриканската Република, Гамбија, Нигерија, Чад и Брегот на слоновата коска.Во извештајот, исто така, се наведува дека три милиони деца умираат секоја година во периодот од еден месец од нивното раѓање , и тоа главно од причини коишто можат да се спречат. Повеќе од третина од тие новороденчиња починуваат уште првиот ден од животот.Организацијата Save the Children наведува дека три четвртини од овие смртни случаи може да се спречат со загарантиран здравствен систем, преку обука на повеќе здравствени работници и напорите докажаните решенија да бидат достапни на секоја мајка и секое новороденче на кои им се потребни.Меѓународниот ден на мајката во повеќето земји во светот се одбележува во втората седмица од мај.
МакфаксФинска, Шведска и Норвешка се најдобрите земји за мајките, Македонија е на 40-то место од 176 земји, а на дното од лис

loading...
Loading...