Финците реконструираат пиво старо 200 години

Loading...

Едно од најстарите пива на светот, пронајдено во остатоци од брод пред брегот на Финска, ќе биде реконструирани и наскоро ќе се појави на пазарот, беше објавено во четвртокот во финската престолнина Хелсинки.Во близина на финскиот архипелаг Аланд летото 2010 година беа пронајдена 200 години стари остатоци од едреник во кој се откриени шишиња шампањ и пиво. Научниците од Техничкиот институт VTT во Финска детално го анализирале пронајденото пиво за да дојдат до оригиналниот рецепт, а пиварницата во Сталхаген на островите Аланд одлучи целосно да го реконструира ова пиво.Првите шишиња со пиво според дамнешниот рецепт треба да се појават на пазарите кн средината на 2014 година.Дел од добивката од продажба на реконструираното пиво ќе биде употребено за проекти за заштита на околината, изјави Јохан Ехн, министер за култура на автономната покраина Аланд.Јан Венстром, директор на пиварницата „Stallhagen“ смета дека пивото ќе биде успешен проиизвод.„Во целиот свет расте побарувачката за специјалните видови пиво, а ние веруваме дека љубителите на пиво во светот се заинтересирани за ова историско пиво“, изјави Венстром.Неколку шишиња шампањ од едреникот, кој потонал меѓу 1825 и 1830 година, веќе се продадени на аукција и постигнаа ена од неколку илјади евра.
МакфаксЕдно од најстарите пива на светот, пронајдено во остатоци од брод пред брегот на Финска, ќе биде реконструирани

loading...