Ѓоко Велковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во моментот е советник во скопската општина Чаир, истовремено е именуван и за секретар на Град Скопје од актуелната градоначалничка Данела Арсовска во периодот кога таа стапува на функциja, објави денеска ФОКУС.
Ѓоко Велковски редовно донирал во кампањите. Во кампањата на Данела донирал дури 108.000 денари. Дали ви е тоа чудно? Или ви делуваат ваквите бројки нормално?
Данела постојано тврди дека е независен кандидат, но било каква површна анализа покажува дека поставува функционери поврзани со ДПМНЕ.
Во случајот на Ѓоко Велковски постои конфликт на интереси, што е спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, каде се тврди дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција, која ја врши со други функции.
Велковски како секретар на Град скопје зема плата од 50.000 денари, додека како советник во Чаир 18.000 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.