Фокус: Се ниша „тронот“ на Мицковски, членството пред ерупција

Loading...

Неделникот Фокус денеска истражуваше какво е расположението после почнувањето на промената на Уставот во некогаш големата ВМРО-ДПМНЕ. Еве дел од текстот: Од најмоќна партија, ВМРО-ДПМНЕ деновиве ги доживува најтешките моменти. Со лидер чии одлуки наидоа на остри критики, партијата особено е на удар после одлуките на Мицкоски да не заземе став на референдумот, а сега и да ги исклучи од партијата пратениците кои гласаа „за“ отворање на Уставот. Дали на Мицкоски му се заканува симнување од тронот и дали партијата ќе ја надмине кризата која се создаде откако седум пратеници се одметнаа и гласаа спротивно од партиската волја? Од партијата велат дека членството е разочарано, поделбите се продлабочуваат, а фракционерството се зајакнува. Доколку не се преземат структурни реформи постои можност и за формирање на друга партија која силно ќе му парира на Мицкоски. Десничарите кои се се уште верни на партиската идеологија, бараат кадровски промени, но и смена на претседателот. Филип Петровски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, бара итно закажување на конгрес за избор на нов лидер. Груевски и Мицкоски, тоа е исто затоа што вториот е поставен од него на фалсификуван конгрес. 10 месеци работат на тоа да ја умрат партијата. Сите потези до сега беа погрешни и со намера да се демотивира членството. Наместо да се спротивстави на погубните политики, Мицкоски работи на амортизација на тие што се против него. Оди од грешка во грешка. Требаше да заземе јасен став за референдумот, па макар и погрешен, но тој ги остави луѓето на цедило – вели Петровски. Тој вели дека членството на партијата никогаш нема да ја прифати одлуката што Собранието ја донесе во петокот кога со 2/3 мнозинство беше изгласана иницијативата на Владата за пристапување кон уставни измени. Веќе од утре, вели Петрески, може да се очекуваат протести против промена на уставното име. Со самото тоа се зголемува јазот во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што некогаш најлојалните и најпожртвувани функционери сега се наоѓаат на другата страна на оградата. Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска, Сашо Василевски на некој начин се спогодија со власта. Заев денеска изјави дека нема пречка да се прифатат нивните услови, за во иднина сите осум пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ во петокот, да го дадат својот глас и за уставните амандмани.
Дека членството го вперува прстот во Мицкоски како виновен за ваквата ситуација, тврди и Самоил Малчески кој со години го критикува управувањето со партијата. По настаните од петокот, вели тој, несомнено е дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа пред голем вантрепартиски предизвик. -Наеднаш се отворија многу апетити, некои и нереални, за претседателското столче. Во овој момент на партијата и треба единство на сите прогресивни сили во одбраната на Уставниот и правниот поредок, во борбата за враќање на достоинството на Собранието на Република Македонија и на функцијата пратеник! Јавно ги повикувам пратениците во Собранието на Република Македонија кои се пазареа како  да се на сточен пазар за да гласаат и гласаа за отварање на Уставот да ги вратат мандатите бидејќи го разочараа членството на ВМРО ДПМНЕ кое со месеци не спиеше за тие да можат удобно да се сместат во пратеничките фотелји! Доколку имаат и малку морал одма ќе го направат истото бидејќи без ВМРО ДПМНЕ и неговото бројно членство овие луѓе никогаш не би станале пратеници! – порачува тој. Целиот текст на следниот линк: На Мицкоски му се ниша тронот

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...