Фон дер Лајен: иднината на Македонија е во ЕУ, пратениците на Мицковски и порачаа НЕ

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска во македонското Собрание изјави дека со првата меѓувладина конференција, која треба да се одржи наскоро доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог „конкретните преговори и процесот на скрининг ќе започнат веднаш“. 

Кога фон дер Лајен додека говореше посочи дека нема сомнеж дека македонскиот јазик е македонски јазик, пратениците на Мицковски кренаа транспаренти во знак на неприфаќање на предлогот. Се изгледаше како добра режија.

Апасиев со свирче проба и да ја попрачи Урсула да се обрати на парламентот. Од друга страна владеачкото мнозинство кое со сигурност ќе го усвои предлогот аплаудираше.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.