Фосилни остатоци од огромна древна птица пронајдени во Перу

Loading...

Перуанските палеонтолози дојдоа до сензационално откритие во јужниот дел на земјата откривајќи фосилни остатоци од древна птица која живеела пред околу 35 милиони години, објавија локалните медиуми во петокот навечер.

 
Станува збор, најверојатно, за гигантски пеликан, кој достигнувал височина меѓу 1,8 и повеќе од два метра. „На ископаните фосилни остатоци дури се сочувани траги од кожата, што претставува сензационално откритие, бидејќи не постојат никакви документирани информации за нешто слично откриено во која и да е друга земја”, изјави палеонтологот Клаус Хенингер, пренесува AFP.
Научниците веруваат дека овој вид птици од кој фосилизираниот остаток е пронајден на 6-ти март годинава, живеел во ткн ерата Олигоцен, којашто започнала пред околу 40 милиони години и завршила пред 23 милиони години.
Остатоците од птиците се пронајдени во пустината на крајбрежната област Ика, каде што во јануари минуваше една од рутите на мото трката „Дакар 2013″. Сега, ова откритие ја потврди големата загриженост на перуанските научници кои тврдат дека оваа трка нанесува сериозни штети врз се` уште неоткриените остатоци.
Имено, во пустинските делови од регионот Ика во неколку наврати досега беа откриени фосилни остатоци на древни китови, гигантски ајкули и пингвини.
Макфакс
Перуанските палеонтолози дојдоа до сензационално откритие во јужниот дел на земјата откривајќи

loading...
Loading...