Фотографиите од лилјак со големина на човек ги исплашија луѓето: “Јас би ја напуштил земјата”

Loading...

Луѓето ширум светот останале згрозени од големината на овој огромен лилјак.
Животното било фотографирано на Филипините, а фотографиите станале вирални на социјалните мрежи каде многумина не можеле да поверуваат дека тие се реални.
“Се сеќавате кога ви кажав дека на Филипини има лилјаци со големина на човек? Да, на ова мислев”, напишал корисникот на Твитер.


Загрозениот хербивор, еден од најголемите видови на лилјаци на светот, може да има распон на крилјата до 1,7 метри, пренесува “news.com.au”.
“И покрај големината, овие лилјаци се вегетаријанци и воглавно се хранат со овошје”, пишува покрај фотографиите.
“Јас би ја напуштил земјата”, “Овој лилјак е повисок од мене и сум исплашена подеднакво колку што сум и импресионирана”, се дел од реакциите на Твитер.

loading...