Фотографиите од ожалостениот Путин го обиколија светот

Loading...

Фотографиите од ожалостениот Путин над ковчегот на неговиот соработник го обиколија светот.
За Путин, Жиничев беше повеќе од соработник, иако официјално беше министер за вонредни ситуации.


Медиумите пренесуваат дека Путин двапати се поклонил над ковчегот на својот покоен пријател. Тој дојде на погребот со букет црвени рози и седна до семејството Жиничев.


Жиничев фатално настрада во средата за време на вежбите на министерството со кое раководеше. Стоел на работ од бездна, кога камерман се лизнал и паднал. Жиничев веднаш скокнал од карпата во обид да го спаси човекот од водата, но удрил во карпата и се здобил со тешки повреди.
Двајцата беа хоспитализирани, но Жиничев им подлегна на повредите за време на транспортот со хеликоптер.

Жиничев е роден во 1966 година во Санкт Петербург. Долги години беше припадник на армијата и служеше во Северната флота на руската морнарица. Тој се приклучи на советската служба за безбедност КГБ во 1987 година, и по големите промени во земјата, ја продолжи својата кариера во ФСО, Федералната служба за безбедност. Исто така ја извршуваше одговорната функција на заменик-шеф на ФСБ, познатата руска служба за борба против тероризам.

loading...
Loading...