Фотографии на мајка од Ирска го запрепастија светот: „Бев на сонце 3 часа и се мачкав со заштитна крема, а вечерта…“

Loading...

Данијел Фитсимонс (31) од Ирска, поминала 3 часа на пажа во друштво на татко ѝ (54) и нејзините две деца – Клои (9) и Хејли (8).
Како што тврди, редовно се мачкала со крема за сончање со 30 фактор, но, сепак, таа ноќ се разбудила поради треска и болки од изгорениците.
Застрашувачките фотографии кои завршиле во медиумите, покажуваат дека цел грб буквално ѝ е испечен.

„Отидовме за викенд на плажа, а до понеделникот цел горен дел од грбот буквално ми беше со пликови, поради кои не можев да лежам. Кога отидов во болница, ми рекоа дека изгорениците ми се речиси од трет степен“, вели таа.
„Инаку, имам нормален тен и никогаш не горам на сонце. Обично не го користам овој бренд, но сакав да го пробам и еве што се случи. Нанесов крема пред да излезам, потоа кога пристигнавме, а и додека бевме на плажа. Мислам дека тоа е сосема доволно за заштита. Им пишав на произведувачите, а оттаму тврдат дека нивните производи поминале низ сите тестови за контрола и квалитет“, објаснува Данијел.
„Лице со посветол тен би изгорело за 10 минути ако не нанесе заштита. Ако користат фактор 30 имаат заштита 30 пати подолга отколку ништо да не нанесат, без оглед колкупати подоцна нанесуваат. Тоа значи дека би биле безбедни 300 минути, односно 5 часа. За тело со просечна големина во дводелен костим за капење, доволни се три лажички од производот“, порачале од фирмата, обидувајќи се да докажат дека Данијел не нанела доволно од производот за да биде заштитена.

loading...
Loading...