Фотографијата која расплака многумина: Откриена нејзината приказна

„Знаев дека тоа ќе биде една од највпечатливите фотографии кои некогаш сум ги направила. Замислив како би се чувствувала јас доколку сум во таа ситуација“ – изјавила фотографката.
Токму оваа фоторафија на двајцата браќа победила на престижниот натпревар „Portrait Masters“, а комисијата ја оцениле како “прекрасно прославувањ на животот“. Многумина ги интересираше каква приказнасе крие позади неа.
Шери Ајртон е мајка од Нов Зеланд на која ѝ се скрши срцето кога во петтиот месец од бременоста дозна дека еден од нејзините близнаци починал во утробата. Во текот на породувањето во исто време чувствувала среќа и страшна тага. На преживеаниот син му го даде името Тигер, а на мртвиот Џони.

Неговото мало тело го кремираа, а потоа одлучиле да ја ангажираат фотографката Сара Симонс од „Charlie Horse Photography“. Таа направила фотографија која може да допре до секој, а многумина плачеле поради истата. Го фотографирала Тигер покрај пепелта на неговиот брат, а мајката таа фотографија ја нарекла „Засекогаш заедно“.
Фотогрфијата ја претставува нивната поврзаност во матката
„Сара ми испрати порака со идеја да ги фотографира момчињата заедно и ме праша дали би ми пречело да ја донесам пепелта од Џони. Бев нетрпелива да видам како го замислила сето тоа и пресреќна дека ќе имам заедничка фотографија од нашите синови која што ќе можеме засекогаш да ја гледаме. Кога ми ја испрати фотографијата бев шокирана,ме преплавија емоции затоа што таа фотографија е толку силна. Многу сум ѝ благодарна“ – изјавила мајката.
Фотографката знаела колку таа фотографија е емоционална за мајката, бидејќи претходно видела фотографија на која нејзината ќерка ја држи пепелта на Џони и плаче.
„Знаев дека тоа ќе биде една од највпечатливите фотографии кои некогаш сум ги направила. Замислив како би се чувствувала јас доколку сум во таа ситуација“ – изјавила фотографката, а пренесуваат од „Parents“.

Loading...