Фото: Алигатор со протеза

Loading...

Алигаторот со име Мистер Стабс е првиот примерок од својата врста во светот кој добил протеза. Според медиумите, овој влекач бил осуден на живот надвор од вода бидејќи ја изгубил опашката во борба со многу поголем алигатор.

 
Меѓутоа, повторно ќе може да ужива во водите благодарение на протеза од латекс и силикон, вредна неколку илјади долари, која специјално за него ја направиле истражувачите од Херпетолошкото друштво од Феникс.

Рас Џонсон, член на оваа организација, рекол дека алигаторите се канибали, а ако сте најмали, а некој друг е гладен, ќе станете оброк. Тој објаснил дека опашката е од витална важност за алигаторите. Без неа тие не можат да пливаат, не можат да се движат во вода, туку само се вртат во круг. Малку е да се каже дека животот за алигаторите без опашка е залуден. Мистер Стабс најпрво ќе мора да научи да плива со протезата, но кога еднаш ќе сфати како таа функционира, повторно ќе биде во можност слободно и брзо да се движи во вода.
Алигаторот со име Мистер Стабс е првиот примерок од својата врста во светот кој добил протеза. Според медиумите, овој

loading...