Фото: Бијонсе ќе биде сместена во апартманот на Тито во хотелот Метропол Палас

Loading...

Она што е заедничко за Бијонсе и Јосип Броз Тито е секако луксузот, па не е ни чудо што организаторите на концертот на американската поп ѕвезда решија за време на петдневниот престој во Белград да ја сместат во апартманот , кој порано го користел покојниот претседател на поранешна Југославија.

Како што пишуваат српските медиуми, згодната пејачка ќе спие во хотелот “Метропол палас“, каде ќе ги ужива сите привилегии на кои е навикната и во кои некогаш одамна се опуштал и Тито.  Дури и во подобри услови бидејќи хотелот неодамна е реновиран.

„За доаѓањето на Бијонсе организаторите спремаат се што таа побарала, и ќе направат се за во Белград  да го има најдобриот третман.Во хотелот „Метропол“ за неа на 5 дена е резервиран најдобриот апартман каде некогаш спиел и Тито“, велат извори за срpските медиуми.

Во овој луксуз заедно со Бијонсе ќе уживаат и нејзиниот сопруг Џеј Зи, нивната ќерка и пет дадилки. Дадилките ќе бидат сместени во апартман веднаш до нивниот, а базентот, сауната и сите погодности со кои располага хотелот ќе бидат резервирани само за нив.

Инаку Бијонсе концертот ќе го одржи на 15 април, а постои и можност да биде закажан уште еден концерт . Бидејќи ѕвездата токму главниот град на Србија го одбра за почеток на својата европска турнеја, претпоставуваме дека ќе ужива на сцената, а богами и во апартманот.
 
Она што е заедничко за Бијонсе и Јосип Броз Тито е секако луксузот, па не е ни чудо што организаторите на концертот на

loading...