Фудбалерите на Шкендија беа подобри од скопскиот ривал Вардар со 4-0 во осмото коло од македонската Прва лига.
Шкендија по само три минути игра ја затресе мрежата на Гачевски преку Трумчи, по што Вардар не успеа да го возврати ударот, а набрзо прими уште два погодоци.
Ибраими и Ахмеди беа стрелци на погодоците за тетовскиот тим до крајот на првото полувреме, додека во вториот дел домаќините стрелаа преку Рамадани за триумф од 4-0 на Шкендија.
По овој голем и разочарувачки пораз, навивачите на Вардар повторно побараа одговорност за лошите игри и резултати, вперувајќи го прстот кон Миленко Неделковски и управата на ФК Вардар.
Фото: ФК Вардар