ФОТО: Груевски во лобито на хотелот Four Seasons во Будимпешта

На фотографијата може да се види екс-премиерот, а сегашен бегалец од правдата во Македонија и азилант во Унгарија, Никола Груевски, како сурфа на интернет. Нашите читатели велат дека тој долго време не го симнувал погледот од телефонот.
Никола Груевски избега од Македонија и на 13 ноември преку објава на својата Фејсбук страница кажа дека е во Будимпешта каде побарал азил, кој набргу и го доби. Тој се бара со меѓународна потерница поради издржување затворска казна во Македонија.
извор: Либертас

Loading...