ФОТО: Илхан Ќучук и делегацијата, гости на прославата на Денот на независноста во Скопје

Делегацијата од Бугарија, предводена од бугарскиот европратеник Илхан Ќучук присуствуваше на прославата за Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8-ми Септември во Скопје.

Како што претходно напиша во својата честитка, тој силно верува во успехот на Северна Македонија и смета  дека единството и добрососедските односи се клучот за заедничка иднина во Европа.

Тој заедно со пратениците од ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсоски прошетаа низ Центарот на градот и заедно пристигнаа на прославата во паркот Ибни Пајко, каде ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.

Ќучук утре се очекува од АУЕ ФОН да ја добие титулата “почесен доктор” – ХОНОРИС КАУЗА, за придонесот на европеизација и креирање на добри политики и добрососедство како претседател на АЛДЕ и дописник на Македонија за Европскиот парламент.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.