Фото: На британската обала е откриено чудовиште

Loading...

Мистериозно суштество со лик на коњ, тело на свиња и шепи како на мечка  испливало мртво на брегот на Јужен Велс, во Велика Британија, и со својата појава ги шокирало тамошните жители.

Чудовиштето е откриено на песокот на плажата во градот Тенбиј од страна на Питер Бејли додека  го шетал своето куче. Овој 27 годишен жител на Велс го фотографирал чудното животно и ги известил другите.
Портпаролот на локалните власти тврди дека суштеството е всушност тело од џек расел терие, но Бејли инсистира дека е чудовиште, бидејќи било долго повеќе од еден метар, што е премногу за оваа раса на кучиња.
„Одвратно изгледа. Мојот прв впечаток беше дека има лице на коњ, шепи на мечка и тело на свиња. Беше во фаза на распаѓање па поглемиот дел од крзното му беше отпаднато,“ вели тој.
Фотографиите од суштеството ги покажале на др.Ден Форман од Универзитетот во Свонси, кој има сопствена теоријаза потеклото на „Тенбиски зверови“.
„Тешко е да се каже било што на основа на фотографија, но судејќи по неговата големина и фактот дека има пет прсти, може да биде јазовец“, вели тој.Мистериозно суштество со лик на коњ, тело на свиња и шепи како на мечка  испливало мртво на брегот на Јужен Велс,

loading...