Француска крем чорба од лук

Loading...

300 мл пилешка супа од коцка
500 мл вода со зачински билки
16 чешниња лук
4 кришки бајат леб
2 јајца
30 г путер
5 г рендано морско оревче
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Ставете ги супата и водата да зовријат и тргнете од оган.
На растопениот путер пржете го лукот, но не дозволувајте да порумени. Додадете ги супата, сол, црн пипер и морско оревче и варете 15 минути. Измиксајте во блендер и вратете ја чорбата во тенџерето.
Жолчките изматете ги со 2 лажици маслиново масло. Непрекинато мешајќи додадете ги во чорбата. Ставете го тенџерето на рингла за чорбата да се загрее, но внимавајте да не зоврие.
Кришките леб свалкајте ги во изматени белки. Печете ги во тава во рерна додека заруменат.
Една кришка леб ставете во чинија и прелијте со чорбата.

 

 

loading...