Францускиот министер за буџет поднесе оставка

Loading...

Францускиот претседател Франсоа Оланд го прифатил барањето на министерот за буџет, Жером Кајузак за негово отповикување од должноста, и на негово место е назначен Бернар Казнев, пренесуваат во вторникот навечер француските медиуми.Обвинителството на Париз во почетокот на 2013 година започна прелиминарна истрага во врска со Жером Кајузак, осомничен за затајување данок.Истрагата беше отворена по информациите објавени на порталот Mediapart според кои Кајузак имал тајни сметки во швајцарската банка UBS, од кои средствата потоа биле префрлени на банкарски конта во Сингапур.Новиот француски министер за буџет Бертран Казнев претходно ја извршуваше функцијата министер за европски прашања, а претходно беше официјален претставник на предизборната кампања на претседателот Франсоа Оланд.
МакфаксФранцускиот претседател Франсоа Оланд го прифатил барањето на министерот за буџет, Жером Кајузак за негово отпов

loading...