Француски компир, брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде

Гурманско јадење, уникатен вкус
СОСТОЈКИ:
500 гр компири
3 варени јајца
1 јајце
200 мл јогурт
100 мл млеко
4 чешниња лук
сирење
сол..бибер
ПОДГОТОВКА:
Тавата премачкајте ја со многу масло. Компирите се сечат на кришки, па се посолува и побиберува и се додава малку масло. Се редат половина од компирите на дното, се сечат варените јајца на кругови, се посолуваат. Одозгора се ставаат преостанатите компири.
Јајцето се мати во сад, се додаваат 30 мл јогурт, маслото и млекото и убаво се меша, се прелеваат компирите и се ренда кашкавалот одозгора.
Печете на 210 степени Целзиусови околу 50 минути

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.