Фрлете ги што поскоро: Предмети штетни по здравјето кои сигурно ги имате дома

Иако сме сентиментално врзани за некои предмети или едноставно ги чуваме бидејќи сѐ уште се функционални, можно е овие предмети да бидат штетни за нашето здравје. Исто така, многу работи што ги купуваме со недостаток на информации и без размислување исто така може да бидат непожелни, а нивната долготрајна употреба може да резултира со последици.
Еве некои од предметите кои најдобро е да се избегнуваат, а сите ги имаме во нашите домови.

  1. Пластични садови за храна
    Сите пластични садови за храна кои не се направени од проѕирна пластика или содржат поликарбонати се штетни за здравјето бидејќи може да содржат супстанца што се користи за производство на тврда поликарбонатна пластика, наречена БПА. Со текот на времето овој материјал престана да се користи во производството на пластични садови, но оние стари садови што ги чувате бидејќи сè уште служат за одредена цел, веројатно го содржат. Стаклото е секогаш здрава алтернатива.
  2. Патики за физички активности
    Повеќето спортски обивки треба да се фрлат откако ќе поминете 400-500 километри во нив. Патиките во кои на пример трчате се трошат и веќе не се добри за она за што се наменети затоа што престануваат да бидат адекватна основа за стапалото, па целиот товар се пренесува на мускулите, коските и тетивите, што значи постои поголема шанса за повреда. Штом видите дека ви се истрошени патиките, фрлете ги.
  3. Освежувачи на соби
    И покрај тоа што некои производители тврдат дека не користат штетни состојки во производството на освежувачите на просториите, сепак тие содржат одредени хемикалии кои негативно влијаат на здравјето на луѓето, а кои ги вдишуваме кога миризливата хемикалија се прска низ просторијата. Изберете некои од мирисите за кои знаете дека доаѓаат од природата.
  4. Четка за заби
    Ако ја користите два пати на ден, како што треба, четката за заби ќе се истроши многу порано отколку што ќе заклучите според нејзиниот изглед. Многу е важно редовно да ја менувате четката за заби бидејќи бактериите од четката лесно се пренесуваат на забите и устата, а истрошената четка не може ефикасно да ги отстрани нечистотиите што доведуваат до заболување на забите и непцата. Четката за заби треба да се менува на секои 3-4 месеци.
  5. Остатоци од храна
    После оброкот, во корпата за отпадоци со капак ставете ги остатоците од храната што не можете или не сакате повторно да ја јадете, особено ако е месо. Преостанатата храна лесно ги собира бактериите кои можат да контаминираат друга храна и да влијаат на вашето здравје.
  6. Стара козметика
    Отворената козметика во течна форма е одличен дом за бактерии. На пример, маскарата треба да се фрли 3 месеци по отворањето бидејќи нанесувањето стара маскара може да доведе до акумулација на бактерии и последователно инфекција и црвенило на очите. Истото правило важи и за сјајот за усни, моливот за очи, пудрата и слично.
  7. Стара кутија за леќи
    Употребата на стара кутија за леќи е една од главните причини за развој на инфекции на очите бидејќи на леќите се создава биофилм кој е погоден за разни бактерии и нечистотии. Редовно чистете кутијата за леќи и менувајте ја на секои неколку месеци.
  8. Кујнски сунѓер
    Кујнските сунѓери се дом на разни микроби и бактерии, а кога ќе сфатите дека секојдневно се во контакт со чиниите од кои јадете, подобро е да ги менувате што почесто. Експертите советуваат за миење садови да се користат крпи, кои по употреба може да се измијат заедно со остатокот од алиштата.
  9. Пластични даски за сечкање
    Сечкањето храна на пластична даска сигурно ќе ја оштети нејзината површина, а штом бактериите ќе влезат во тие исеченици и непречено растат, тешко е да се ослободите од нив. За да избегнете здравствени проблеми, експертите советуваат да набавите дрвена штица бидејќи тие содржат смола која делува антимикробно. Во превод, доколку бактериите навлезат во пукнатините на даската, наместо да се шират, ќе угинат.
  10. Стара крема со заштитен фактор
    Многу е важно да ја заштитиме кожата од сонце, а во тоа ни помага кремата со заштитен фактор. Сепак, кремите за сончање содржат хемикалии кои на крајот престануваат да делуваат, односно не штитат од сонцето, а се зголемува и веројатноста за развој на кожни болести. Најдобро е да ги купувате редовно во мали пакувања за секогаш да бидете сигурни дека вашата крема е ефективна.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.