Фудбалер на Барселона стана готвач

Дефанзивецот на Барселона, Серхи Роберто стана готвач за еден ден.
Фудбалерот подготвуваше ориз по негов рецепт во ресторан во главниот град на Каталонија, со цел да помогне во финансирањето на фондацијата за Амиотрофична латерална склероза.


Од ресторанот му ветиле на Роберто дека ќе одделуват по едно евро за секоја нарачка од неговиот специјален ориз за добротворната цел.
Дефанзивецот на Барса ја прифаќа лично борбата со болеста, бидејќи неговата мајка страда од ова заболување.