Фуле во понеделник во Белград и Приштина

Loading...

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Фуле, ќе допатува во понеделник во Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Томислав Николиќ.Штефан Фуле во Белград ќе се сретне со српскиот државен врв во рамките на консултациите кои претходат на подготовката на Европската комисија за напредокот на Србија кој треба да биде објавен во април.„Станува збор за редовни консултации пред важните одлуки кои се однесуваат на Србија“, изјави портпаролот на Фуле, Петер Стано за српските медиуми, потсетувајќи дека Европската комисија во април на Европскиот совет треба да му ги предаде извештајот за досегашниот напредок на Србија за евроинтеграциските процеси, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, по што Советот ќе донесе одлука за евентуалното доделување на претпристапниот датум за Србија за преговорите со Европската унија.Фуле освен со претседателот Николиќ, ќе се сретне и со српскиот премиер Ивица Дачиќ.По разговорите во Белград, Штефан Фуле ќе ја посети и Приштина каде што ќе се сретне со косовските политички челници.
МакфаксКомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Фуле, ќе допатува во понеделник во Белград, соопшти кабинет

loading...