Фуркан не застанува, после Софијанова отиде кај Дритан Веџети од ПИОМ

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу објави видео од “посета” на Фондот за пензиско осигурување, каде како што објаснува Салиу, отишол по пристигнување на анонимно писмо во кое имало податоци за неколку советници на директорот на Фондот.

Во јавноста после случајот со Софијанова имаше повици до Фуркан ако е вистински новинар да одел кај директори албанци. Еве тоа се случи и за оваа епизода треба секако да му се честита. Друга работа е што од неговите случаи нема никавка разрешница низ институциите.
Фуркан не застанува, после Софијанова отиде кај Дритан Веџети од ПИОМ

Според податоците во писмото, кои потоа ги потврди и директорот Дритан Беџети, тој како советници вработил професор по математика, професор по физичко образование и еден правник кој му е роднина.

Беџети не одговори на прашањето што го советуваат советниците кои, како што нагласи Салиу земаат плата од 40.000 денари.

Особено Беџети одбегна да одговори што го советува професорот по физичко образование, само кратко објасни дека првпат е на таква функција и дека е нормално за советници да ги земе блиските луѓе од “неговата екипа”.

Инаку Дритан Беџети е директор на ПИОМ по предлог на Алтернатива.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.